профучи св.

профучи (св.)

Но не го постави, зашто над нашите глави профуча некаква птица, а Билјана мораше да ја види.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Возот профуча. Од локомотивата долго мавташе една измастена рака и се смееше едно црно лице со најбели заби на светот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, додека максималното го извлекував од колата, во моментите на најголемата брзина, ќе почувствував нешто како торпедо ќе профучеше покрај мене, покрај мојата кола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само две-три педи поднаведни се ме советуваше тој и твојот прогонувач ќе профучи покрај тебе како заслепен бик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Макар што одамна беше престанало пукањето, над главата ми профучеа првите куршуми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Крај мојата глава профуче куршум. Се зари некаде во куќата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)