протина несв.

протина (несв.)

Кога со тоа беше готов, со ножето изделка друго чамово дрвце, така колку да може да се протиња низ цевката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Потивко, еве ги, го прекинува Капсула и ја протина цевката низ френгијата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе ставеше во торбичката леб и вода, и штом трубата ќе писнеше за спиење, тој низ жиците се протинаше и лазеше низ тревата како дождалец додека се оддалечеше од касарната, и спраштуваше да го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Цел живот ја протињам раката низ газ од кокошка, ја фаќам за клунот и ѝ го извлекувам клунот низ газ. Се валкаат рацете тука.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)