пророчиште ср.

пророчиште (ср.)

Се прашуваше зошто во Кина козата се доведува во врска со громот, го фасцинираа врските помеѓу козите и божествата, го восхити митскиот податок дека козите, заиграни околу чадот, го откриле пророчиштето во Делфи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обидував да ја растолкувам и оваа од приказна од илјада и едната од картагинската градина на мудриот Раиз, во контекстот на историските настани во древната Картагина, каде што не престануваше, како од оживеан вулкан да избива историјата, како од далечно делфиско пророчиште, близу пунските гробници на жртвуваните новороденчиња...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој појде кон својата библиотека како кон Делфиското пророчиште, да трага по вистината како да се совлада балканвавилонското проклетство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)