припадне св.

припадне (св.)

Мајката, која беше изумена сета, штом ова го слушна, над маката бескрајна своја затажи, припадна клета.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И цела снага ми чука. Леле, ќе припаднам, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Природно, штом некој во срцето ви забуцал нож, не ќе пеете, туку ќе припаднете, ќе пропискате.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во 1861 и 1862 година Србија преговара со Грција за поделба на Македонија: сѐ на север од линијата Охрид - Горна Џумаја да ѝ припадне на Србија а сѐ на југ на Грција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И мајката ќе припадне, што се вели, ја фаќа некоја имела и припаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш, кога ќе ни препадне време, ќе се качиме на некоја тумба и ќе гледаме во градините, во природата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вратата се тресе, а ти ја удираш дури да те заболат рацете, дури да припаднеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Китан изгради куќа под каменоломот, на местото што му припадна од неговиот татко, при делбата со татко му од Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од него зависи... Кај ќе припадне тој - и селово... Сета спорна зона...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа го праша дали за овие неколку дена што престојуваа овде, веќе имаат одредено мислење што ќе биде со селово - каде ќе припадне...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На некои од нив навистина ќе им припадне иднината.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одеднаш, како да слушна дека зборува некој друг, Винстон се слушна себеси како вели со длабок громок глас дека нему треба да му припадне целото парче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Издржаа на жештинава. Се плашев некое дете да не ми припадне. Облечени во носии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„... Можете да добиете социјална помош, ако по вашата смрт, одајчето во кое живеете, ѝ припадне на општината“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Утрешниот којзнае кому ќе му припадне! ќе беше нејзиниот коментар, но ќе го соопштеше откако ќе се согласеше и ќе ги прифатеше сите мои размисли и предлози.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дека ние сме заслужните за нејзиното воведување па затоа и нам треба да ни припаднат привилегиите што доаѓаат со нејзиното постоење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па сепак, прекрасниот Чифте-амам му припадна на чичко му Иса, најнапернатиот од сите, кој не веруваше никому, и кој имаше десет очи и десет уши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Се надевам дека може да се каже дека и вие ќе ѝ припаднете на таа монастирлитска светла линија на верата”, му рече со спокоен глас претседателот на синагогалниот одбор, кога младиот Елеазар бен Цви беше поставен за рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нежно се прегрнуваат, легнуваат на брачната постела и се соблекуваат, се чувствуваат, ги допираат своите кожи, растреперени и гладни за сласта што им доаѓа како награда за трпението, скромноста, чедноста, што некој сакаше да им ја попречи и открадне, но којашто ете тие си ја отворија во вечната свадба и љубовна игра во која си припаднаа еден на друг засекогаш, пред своите срца, пред семејствата и пред лицето на Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе