примитивизам м.

примитивизам (м.)

Зборувам за митското, племенско размислување, за дивјаштвото, примитивизмот, за неписменоста, за криминалниот менталитет, за кражбите, за лагите, за легализација на лагите, за културата на лажењето, за самоволието, за новокомпонираниот рурален менталитет којшто плаче додека убива и убива додека плаче...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не ѝ беше јасно која е причината за таквата воздржаност... Можеби некој вид примитивизам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Според нив беше дојдено време да се види низ османското наследство, кое се покажуваше дека е тоа и балканско и дека во голема мера било жртвувано, особено во завршната фаза од агонијата на Османската Империја, се претвори, според тогаш западните освојувачки пропаганди во борба на цивилизацијата против варваризмот, на напредното против племенскиот примитивизам, на прогресот против ендемската заостанатост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)