приклони св.

приклони (св.)

Божји избраници и заштитени со неговиот знак, или можеби, овоземни суштества, лукави политичари храбри мажи, кои, приклонувајќи се кон различните завојувачи и борејќи се прикриено против сите нив успеале да си ја дочуваат својата наслеба и својата самобитност?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не е тешко да се пронаоѓаат, дури и да се предизвикуваат, но еден предуслов е обврзувачки: потребно е приклонување на луцидната мисла за прифатливите разлики ВО складноста, неплашење од случајната средба (која и не е тоа) на чадорот со машината за шиење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но авторот не се приклонува кон дуализам. Обете страни длабоко грешат, тврди тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Поголемиот дел од движењата за национално ослободување го следеа истиот пат: со Фенон како пророк, тие попрво ја избираа етничката отколку „изборната“ теорија за нацијата и попрво се приклонуваа кон културниот идентитет - тој модерен израз за Волксгеист - отколку на „секојдневниот плебисцит“ или идејата за „вековно здружување“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Националсоцијализмот се приклони кон посилни баталјони и единствено тие и го интересираа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе се приклониме ли кон помислата дека овие и вакви резони влечат кон утилитаризам, или пак ќе поверуваме дека тоа се резони, коишто нè воведуваат во филозофијата на XXI век, ни преостанува нам, како на читатели да просудиме во зависност од нивото на своја­та наобразба или од широчината на платформата на нашата идеологија но, прочитувајќи го овој роман на Луан Старова, сепак и сепак ќе бидеме спремни да се согласиме со нашиов високо извишен мајстор на литературно-уметничката реч, дека: „Ако има Бог, тој постои само во Мајката!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ибн Тајко одвај го допре работ од миндерот, само се прислони. Што значеше ова од страната на бегот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, денес кога наидов на текстот на Теди Москов, театарски режисер од бугарска провиниенција „Среќна случајност“, почнав и самиот да подавам интерес за тоа дали сентенцата на Фелини „Случајноста е другото име на Бога“ е она кон кое треба да се приклониме кога зборуваме за настаните во животната стварност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кон тебе викам зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)