претрупан прид.

претрупан (прид.)

Ѕидовите беа претрупани со слики: измешани голи тела на жени со долги вратови и искривени глави.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Единствен човечки влез е од улицата; таа е невозможно тесна и претрупана со деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сламарица, мангал, стар можеби како и Адам, мало како детска играчка масиче претрупано со клешти, чеканчиња, клинци и конзервени кутии со боја и туткал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
2. Влегувајќи во американските самопослуги не се вртам назад, одам право кон дното на големиот простор претрупан со предмети, одам и ги барам нив - организерите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го ставија во ќелија слична на оваа во која се наоѓаше сега, но ужасно нечиста и во секое време претрупана со по десет до петнаесет луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)