претприемчив прид.

претприемчив (прид.)

Сепак, Акиноските, претприемчиви луѓе, сопрво излегуваа некако накрај со толкуте давачки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колку за чичка Васка да му беше драг Едо сепак тој знаеше дека Марко е претприемчивиот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Братучед ми Герман е паметен, претприемчив и доволно решителен човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)