преживува несв.
преживување ср.

преживува (несв.)

Долгот кон народот и татковината зависи од историските прилики што ги преживува еден народ и една земја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СОЊА: Ги украде. Не знаеш што преживував овие пет години.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вилинските приказни (1944) минаа речиси незабележано бидејќи беа објавени во време кога французите ги преживуваа последните денови на германската окупација.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но иако малку поднапиен, тој очигледно преживуваше некоја вистинска и неподнослива несреќа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој ден, во секој момент, тие ќе бидат победувани, дискредитирани, исмејувани, плукани - а сепак секогаш ќе преживуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во моментов сум добро расположена и, знам, ако почнам да се сеќавам како беше, што сѐ преживуваме брат ми и јас тие априлски денови пред две години, сосема ќе ми се расипе расположението.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неверството на Рајнер го преживуваше она девојче кое на почетокот од сеќавањата кои ги нарекуваше свој живот ја имаше болката, нешто како капење крв од скриена рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човек со добро, меко срце е Гули. Секогаш прави чевли и за децата на комшиите, на една бабичка од Баир мало, тетка Добринка ако ја знајш, која едвај преживува - многу убај чизми му напраи. Беспари.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потсвесно барав трнливи причини за да ја изневерам среќата, која или не ја заслужував или знаев дека не можам да ја достигнам (а и сенсот за тоа што навистина е среќа полека го снемуваше при помислата на индигнацијата кај луѓето, утилитарноста, хегемонизмот, ужасот и теророт во светов во кои сите ние преживуваме и меѓу себе се јадеме).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но вистинскиот пекол беше меѓу нас, помеѓу еден и друг, се преживуваше со паразитско кодошење за сметка на другиот, кој потоа беше подложен на тортура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)