предан прид.
предание ср.

предан (прид.)

Но исто така Македонците сознаваат дека Србија е држава што располага со војска, дипломатија, еден народ и една интелигенција што ќе ги бранат српските интереси во Македонија со примерна преданост и краен фанатизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можејќи со постоечката работна сила да ги намерат давачките, а не сакајќи ни да си скусат од својата господштина, своите отроци, во чија работливост и преданост безгранично веруваа, за да ги врзат уште повеќе за себе, од Дупка ги преселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите овие лица се предани на делото, некои од нив веќе се истакнале на книжевно поле, други како учители, а меѓу нив има и такви кои многу работеле на изгонувањето на фанариотите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колку и да беше предан, во него немаше ни трага од онаа исклучивост што ги одликува фанатиците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Боже, ти колку го сакаше, без резерва, без отстапница, ама ти си мислела ако појдеш со човек кој има само едно рало чевли, загарантирана ти е љубовта и преданоста, како секогаш да има две страни, од едната богатство, од другата доблести со верна љубов како круна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие биле „сејачи на шовинизмот на ропската потчинетост, каде што младото поколение се труе и расцепува на бесно - непријателски шовинистички лагери... каде што се сее уважение кон оние котила на развратот, бескарактерноста и заблудата - Орта-ќои (Егзархијата - б.м.) и Фенер (Патријаршијата - б.м.)“; каде што се вдахнувало почит кон историските и филолошките „права“ на Бугарите, Грците, Србите и Романците; каде што се спроведувала љубов кон владата што не задушува и синовска преданост кон султанот „нашиот цар-татко“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Замириса големата тајна на општото прашање - зошто уметниците пијат, полигамичат и се стимулираат, криејќи го самите од себе сознанието за преданост кон садистичкиот мазохизам кој отсекогаш ветувал побрз пробив во општеството.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа, свесна за големата морална обврска што ја има спрема своето семејство, решава да оди докрај – но, благодарение на нејзината љубов и преданост спрема работата, како и лојалноста спрема институцијата во која работи – спорот, во некоја рака, се решава спогодбено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И неговиот дом не е без прислужници предани на неговите интереси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според неговите информации, неколку „унгарски Македонци, кои претходно целосно му било предани на Михајлов, сега поради нивните симпатии спрема Германците“ ја изгубиле неговата довербата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)