предалеку прил.

предалеку (прил.)

Низ отворената врата од плевната го глдаа крајниот горен прозорец од куќата осветлен и по сенките можеа да видат дека внатре се сноваат луѓе, но беше предалеку за да се чуе дали нешто зборуваат, па им се чинеше како оние таму да се кријат во завера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Лесново... Тоа село е на крај свет. И малку потаму. Предалеку и за штрковите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле му седнал над чело. Се чувствувал изморен, Лесново му било предалеку, стравот од умирање лежел на педа од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Енценсбергер му се чини дека сме отишле предалеку, дека еднонасочно сме ја нагласиле само едната, ироничната страна на саморефлексијата која инаку спаѓа во минимумот на секој култивиран ангажман.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Нека си ги имаат своите верувања, ако тоа ги усреќува, но да им се вели на малите деца „Токму ова е вистината“, значи да се оди предалеку”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По илјада четиристотини четириесет минуити ќе бидат предалеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од идолите – предалеку. Од сите културни збиднувања.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Русија била предалеку за него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја немаше бојата на ѕивт темната ноќ, или барем така него му се причинуваше. Таа е предалеку од неговиот видокруг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таквите расправи и онака веќе отишле предалеку; станале толку специјализирани и софистицирани; во секој случај, ја надминуваат тука зададенава тема.227 Тука кампот завреднува истражување во онаа мера што ни овозможува да ги утврдиме и разбереме особените одлики на машкиот геј-дискурс, неговата својствена прагматика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)