предавнички прид.

предавнички (прид.)

47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вистината беше проста и гола како нож: неговите раце не беа способни за битка и предавнички се тресеа, беа престарени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сијалицата го покажуваше својот ребрест костур и срдито, предавнички му го осветлуваше измореното, бледо и збунето лице.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога го напуштивме селото, месечината предавнички нѐ следеше по петите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Месечината пак предавнички нѐ следеше надолу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тие очи имаа предавнички сјај. Во нив се наѕираше едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој предавнички се повлекол со еден чекор - да ја земе, а жена му со трите гулапчиња в скут?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безумен предавнички поглед, во длабок понор молскавично блесна помислата за коренити преданија на неверна жена... со фереџе го прикри твојто лице..?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И не само тоа. Вие ќе бидете одведени и таму кадешто ќе ве однесеме, ќе одговарате за предавничкиот чин на вашите синови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)