прамен м.

прамен (м.)

Еден трепет по местата познати зошто се игра со праменот на моите мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Можеа да бидат догледани во сета нивна ужасна расплиснатост, и оние црвени паласки крв, погледот не можеше да ги превиде нив, а ни прамењата од расфрлана волча четина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден од оние големите волци, во расцутот на своите сили, колку едно јунче; неговото влакно, речиси тврдо, како кај ежовите, сега линееше од гладот и остануваше по снегот во излепени прамења, како од мрша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше како некој застојан, заборавен во некоја долина од ноќта, откинат прамен магла, со кого си игра, искончувајќи го, и најмалата разнишканост на воздухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го посакуваш? – задржувајќи му ја дланката меѓу својата и амајлијата, Сириецот го крева погледот под ниските прамени побелена коса: - Велможа си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но тука беше нашата мајка и нашата баба Русинка, таа достоинствена полничка старица, со долги белоруси коси, со позлатени прамени што ѝ паѓаа врз широкото чело, со густи веѓи и сини добри очи, која ја вардеше мајка ми од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа беше едвај во моето видно поле, витка девојка со рефлектирачки очила, со црна коса потстрижена во еден прамен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури и косата ти паѓа во прамени. Гледај!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа лежеше на својата страна од креветот, гола од половината нагоре, со дланката под образот и со еден темен прамен коса над очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со некаков избледен ентузијазам, ќе покажеше со прст на ова или она парче старудија - порцелански затворач за шише, насликано капаче од скршена кутија за бурмут, медалјон со прамен коса од дете што веќе беше одамна мртво - никогаш не барајќи од Винстон да ги купи, само да им се восхитува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прамени светлина го осветлуваа Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Конечно таа ја подаде раката и таму, на нејзината мека дланка, која на сончевата светлина блескаше како предено злато, имаше прамен коса свиткан во топка, како кожурец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Внимателно, како божем златниот прамен да ги содржеше човечката судбина и човечкиот копнеж, Даниел го крена праменот со палецот и показалецот и церемонијално го втисна во малтерот на ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека низ решетките на јазикот Ги пребарувате зборовите Редејќи ги од праг на праг Несакајќи отсекувате прамен Од косата на Паул Целан. (Од огнот на радоста До новото огорчување Луј Арагон ги затвора прозорците Бранејќи се од црвени ветрови).
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Така, во Арта, во Грција, ви го покажуваат мостот во кој е заѕидана некоја девојка: низ една пукнатина ѕирка прамен од нејзината коса и виси над водата како некакво златесто растение.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На кратката руса коса имаше еден прамен во лилава боја, а еднаш му се пофали дека на грбот има тетоважа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Иако со погледот беше уловил само еден црн сјаен прамен, сакаше да поверува во нешто во кое не можеше да се верува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе