прагматизам м.

прагматизам (м.)

Затоа ако некој сака посебни феминистички учења за овие општи места, прагматизмот нив нема да ги обезбеди.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со исклучок на третиот текст (кој, иако истргнат од врзопот текстови во кои се расправа за феминизмот во пост-комунизмот, дава одлична слика за феминистичките стремежи во поднебјето во кое и ние пр(о/е)живуваме), останатите текстови предочуваат дел од главните определби и настојувања на „западната“ феминистичка философија, како и нејзината поврзаност со постструктурализмот, постмодернизмот, (пост)прагматизмот, херменевтиката, феноменологијата, идеологијата, политиката.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иако им се восхитувам на делата на Пол Вирилио, истовремено мислам дека во нив постои едностраност во која можат да уживаат некои академски француски филозофи, бидејќи не се соочуваат со прагматизмот на светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На крајот стана жртва на својот утописки прагматизам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште од култната книга на Сузуки и Фром Зен будизам и психоанализа, се знае за стереотипот според кој запад го карактеризира прагматизмот, а исток неговата мистика, која е насочена самата кон себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)