правоаголник м.

правоаголник (м.)

Се стемнуваше. Помеѓу сивите куќи на мојата улица лилавиот долг правоаголник на небото се посипа со предалечен светкав зоб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Низа многу квадрати и правоаголници се минува додека се фати возот за Западен Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа го сторија во првата година; во втората, пак, откако со исто такви ѕидови, во кои како некој вид проток, вградија капиџици, тој голем и легнат од север на југ правоаголник го поделија на четири еднакво големи и исправени од исток на запад правоаголници, пристапија кон подигање на зградите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По еден или два часа зад полноќ, кога веќе ни месечината го немала она нужно значење на таинственост, далеку и со острината на рабовите забуцана во неподвижен облак како парче на посребрена лопата во сива и лилава земја над самата земја, ридовите се згуснале, биле исплашено и гровнато кртило на непознати животни, речиси повеќе правоаголници, триаголници и искинати елипси на светлост и сенки отколку скаменети крмници со џиновски стави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова е егзактно! Тоа, нешто налик на екран, светка: триаголниците сино, кругчињата црвено, правоаголниците жолто.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не е ова првпат да цртам ромбови. Не квадрати, не правоаголници, туку ромбови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова откровение ми послужи добро, и грдикав правоаголник, како при успешна операција, се откина, незгодно заглавувајќи се во заситеното ходнично грло.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Скалите се отворени и во правоаголници одат нагоре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)