појас (м.)

Овој малиот е на него. (Му брка во пазувата и вади пиштолче) Гледаш, уште од сега пиштол во појасот ставил.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
КОТЕ: Со толку ништо не е. Колкави снегови сме газеле, (покажува на појасот) дотука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (откако си ги измива рацете вади шамија од појасот и си ги брише, а потоа и устата и мустаќите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бел афион во тебе расцутил, жито расте, класи до појаси, ко море се лулеат по тебе – вширни ниви бурните овеси...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
А, ете, нема ни година откако дојде Доста, и ене ја, го напрчи појасот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се појави на средкуќи една сенка, по „ѓупски“ облечена, главата преврзана со една црна шамија; ни прцле тама, ни кркми, ни цулувци, ни појас, ни саѓија, ни гуна!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами вој палежен поас, бре! Илко, шо ал се прави, не су научена со него, ме глочка! — се пожали Доста на дебелиот појас од седум оки стари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Брадјосаниот човек ја префати пушката, со другата рака го поткрена појасот на кој му тежеа пиштолите и откако се подисправи, рече: - Чии сте вие?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бил истиот оној дедо Геро: весел и насмеан, секогаш со кавалче на појас, крај кубурите со килибарни дршки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман се бркна во појасот и оттаму извади една шарена шамија во која нешто беше врзано. Ѝ ја подаде на Танасица.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Човекот ја задена секирата за појас. Се наведна над легнатиот и му го поклопи челото со тешката дланка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Распарај се од појас до грло па ќе видиш што е тоа плач.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А после да чекорам до коленици в трева, до појас во светулки до теме во синевина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се ниша во одењето долгото момче како оние две бомби на појасот да го влечат секоја на своја страна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Капсула, до појас стегнат во меки гумени чизми, го тера дедото да му се качи на грб да го пренесе до ѓумето а овој се буни, одбива, но тоа сѐ некако тихо и неуверливо, плашејќи се внукот да не го послуша и да не го остави да ја гази водата леко пориена со тенка стаклена кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во појас носи задената тага, гола, исукана; канијата за неа е тесна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе