поцрнет прид.
поцрни св.

поцрнет (прид.)

- Не се Задушници, се насмеа Кузман; сепак му подаде поцрнет цванцик, сплескан уличен отпушок.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во древниот поцрнет рам уморно трепкаат две чудни очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сенка од некогашната здрава и убава Бојана, сегашната Бојана, жена со проретчени бели коси, поцрнето лице, поднаведната и опадната, одвај се држеше на нозе, повеќе од силен страв отколку од некакво радосно возбудување.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Траеше една таква долга модра вечност, во која погледот добиваше некоја белина само кога ќе требаше да одбере дали тоа стебло пред него беше токму онаа познатата, крајпатна бука, дали она, што се чинеше како деланка во нејзината коруба, не беше само некој поцрнет лишај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш во куќата, како нешто што е неизбежно се знаеше за една тајна: горната одаја, лево откако ќе се искачиш по скалите од дебели дабови штици, беше непристапна - дебели алки, низ нив поцрнет синџир со врзани краеви од тежок старовремски катинар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега во дворот, во таа наголемена половина поцрнета тепсија, бевме собрани сите што се мислевме како гости на домаќинката: Арсо Арнаутче, Сандре Самарија, Никифор Ганевски, Онисифор Проказник и Орлен Шумков: Никола Влашки продолжи да спие во плевната а јас стоев зад недоплетен кош и се сеќавав на летните топлини и на благото бранување на 'ржта во предвечерните времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Селанки голи се капеа во реката, брзо езерце со песочно дно, смеејќи се со крици и покажувајќи си ги телата една на друга облечени во бледило од кое никнуваат поцрнети глави, раце и листови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)