поуспешен прид.

поуспешен (прид.)

Навистина не можеше да му се наметне во моментов поуспешна споредба, со која да ја искаже жилавоста на дрвото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поуспешните меѓу нив лижат газови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со следната беше поуспешен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во мене се раѓаше нова мисла - каде ќе бидам пополезен и поуспешен во исполнувањето на Ататурковата мисија: дали ако останам во Цариград и ако се впуштам во брзата трка по хиерархијата на судската власт, или ако се вратам на Балканот, кај своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Француските елитни кози во славна мисија да ја спасат Македонија, како некогаш нивните балкански посестрими се претопија во стадото на еден од поуспешните козари, сточарски бизнисмен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Латинците биле поуспешни во расправите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Камилски, надоен со научен сорбонски дух, веруваше дека овој пристап методски би бил поуспешен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од долгогодишното искуство во предавањето на предметов сум увидел дека жените и машките негеј-студенти редовно биле барем еднакво успешни како геј- мажите, а некогаш и поуспешни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)