потпрашува несв.

потпрашува (несв.)

Тој збор злокобно ми се сви во душата, а сопатниците не сакав да ги потпрашувам, иако тие минувале повеќепати по овој планински превој.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Си реди така Маса Ќулумоска, си потпрашува за ова, за она.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седиме вака насамо: пушиме и пиеме кафе, си потпуштаме каделки чад над главите, а таа само потпрашува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И вие имате некоја мака, продолжува да потпрашува момчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За друго Петре Даскалот и не му додеваше, но по сметање, го потпрашуваше. На пример, колку се едно и едно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Видел, знае: многу нуди жена што упорно те потпрашува и сака да ископа нешто од тебе; и која постојано го држи погледот на тебе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како е, потпрашуваше старата, а во гласот потреперуваше надевањето дека не е полошо од вчера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И ние ли, потпрашуваше старата погледнувајќи накај покривот кој прокапуваше на секој подолг дожд.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И гробиштата ли, пак потпрашуваше старата веќе затворајќи ги очите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не се ни обиде да ме потпрашува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа внимателно ме слушаше, ме потпрашуваше одвреме-навреме по нешто, се интересираше за некои – мене ми се чинеа неважни детали.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И додека зборував за слободата, и за празнувањата низ кои се движиме, а колегата Господ, со напрегнато внимание го слушаше мојот утрински разговор со чистачот на чевли (неколкупати дури и ме потпрашуваше за умувањата на Кадрија), онаа чудна индивидуа, која ја бев забележал потпрена на дрвото од кое се разлеваше празничната музика, сега ја забележав како стои на џамлакот на кафеаната на Иле Битолчанецот оџагарена во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаев речиси сè, бев упатен во сите поединости, па сепак, не знам зошто, откако ја скрив срџбата зад широката насмевка, и понатаму седев спроти него и потпрашував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За затворот, за мачењата во затворот. - А ти го потпрашуваше? - Природно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека бевме во Бањи беше спомнуван татко му, Иван потпрашуваше, но овде, во градов, не верувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе не знаеја како да се викаат едни со други, па продолжија да си се викаат со своите рисјански имиња, само што пред Петрета, кој сега стана Музафер-ага, подзастануваа, се потпрашуваа како кој се вика и добро се чуваа да не згрешат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марие и Роза ѝ раскажуваа на Паулина што гледаат на фотографиите, а Паулина потпрашуваше, минуваше со прстите по мазната црно-бела површина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па, дури јас влечев од натисканите торбулиња што кога ќе го отвориш патентот се расцветуваат како свежа зелка, а некој би рекол „пуни ко шибица“, тој се нудеше да ми помогне, и онака, сега знам, не „ради реда“ ме потпрашуваше: „Од каде ти е ова робава“, па „од каде ја носиш“, па „како ја пренесуваш“, па „како ја озаконуваш?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)