поткачи св.

поткачи (св.)

На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И само што го остави букарот на воденикот, се поткачи на кармата од дрво, ја исправи главата на калето меѓу двете сливи и викна, како секојпат што си викаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па, кога попладнето дојдоа дома, уште не го ни слече палтото, тој се поткачи на едно столче и – чуп! – седна врз масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Сечи го ти ова, - му покажа Србин на Шишмана, а самиот тој се поткачи зад една буковица каде што местото беше поткренато и на колај за одмавање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Секаде ќе бидеме одозгора ако случајно нѐ поткачат агите — беа последните зборови на Ѓорчета, чијшто предлог сите го одобрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да се иставиме, туку каде ќе се задржиме кога ќе се раздени и кога ќе нѐ поткачи Бахтијар? — му упадна Митре Влавот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поткачи се малку нагоре, ми вели, мрдни еден палец, еден печерок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се покажува едно препогането војниче, препесено, што се вели, се поткачува на еден камен и се надава вака напред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чук-чук, Стојанче, поткачи се погоре, ќе видиш три жени со .... истрижени...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Врескајќи, таа истрча за да земе столица и ја поткрена за да може да се поткачи до мемливиот мрак.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Филип беше поткачен на едно купиште градежен отпад и викаше накај другарите: „Ништо! Циркусот заврши! Кантите ги ставија во комбето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Му се задржа вниманието на зборот „поткачија, поткачија, поткачија...“ и сега наместо на Летка да ѝ ја закажува азбуката ѝ ја зарецитира глупавата песничка на којашто неочекувано се сети и што ја паметеше уште од детството: „Тодоре, Тодоре, поткачи се погоре. Ќе видиш три жени со пичките истрижени!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во, од горештината раскашавениот мозок, неконтролирано му заиграа зборовите качија, искачија, откачија, поткачија...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Цврста рака ме поткачи и залепи на тврдата врата од ординацијата, во чиј необичен натпис успеав одблиску да се уверам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Самоубиство од некој кој насмеано го живееше факултетскиот систем?!“ - се запрашав бојазливо и потоа сфатив дека самоубиството не успевав сликовито да го поврзам со систем: отскокнуваа алки и кукачки кои ме поткачуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги поткачив полиците со книги, и тие летаа во невидени пируети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Можеби и вакцина ќе ми ставаат, ти не сакаш да ми кажеш“, плачеше малата, па мајка ѝ се поткачи на тротоар, запре и се сврте.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)