постулат м.

постулат (м.)

Хегел исто така утврди дека оваа основна и сеопфатна закономерност на природата и општеството не може да се проѕре, да се разбере и објасни ако се применува метод што би бил статичен и би оперирал со крути, апсолутни поими и постулати.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Силата и авторитетот на некоја празаедница се единствените постулати на „општественост” коишто денес ги имаме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во овој уметнички идеал е содржан истиот постулат кој се открива и во сфаќањето при делување во рамките на општеството: радикален индивидуализам, карактеристично обележје на западниот дух.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)