постепено прил.
постепен прид.

постепено (прил.)

Правописот на еден јазик, како и изработувањето на еден литературен јазик, може да оди постепено и полусвесно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се предупредат жртвите од едно секадешно востание, се изработи февруарскиот руско-австриски проект за реформи, вистина не совршен, но со договор оти тој ќе биде постепено раширен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е, сега веќе ќе ми заличи куќава со невевчето. (Од далеку, а постепено сѐ поблиску се слуша свирење на чалгија и пеење на песната): Затропале тапаните Да ми одат по невестата, (Румба, румба, румба, ба, рефрен (Лиду, лиду, лиду, ду.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Разговорот постепено стапуваше од шега на вистина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Запаѓаше во нездравиот оган на треската и во поматената свест претчувствуваше нешто што немаше сили да го избегне. и постепено се губеше во морничаво бладање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бледото лице на Арсо постепено се растопуваше во мракот веќе налепен во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа и би се сончале... и, ако тоа не го правевме постепено како што нѐ учеа раководителите, грпчињата ќе ни изгореа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сивата боја на небото постепено се згуснуваше, облаците како да се спуштија пониско и веќе налегнуваа на најблиските височинки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Првиот налет на кучињата им беше страшен, срцето им се креваше в грло, коските им се тресеа, но постепено се отпуштаа и се навикнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Наскоро потоа се донесоа некои нови предмети од Вера и постепено во куќата сѐ стануваше наредено по нејзин вкус.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Постепено таа станала свесна дека нема да бидат никогаш среќни со мажот поради таа страшна вистина, колку и да се сакаат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не дозволувам ли, постепено друг да застане на нејзиното место во мојот живот и во мојата душа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Димот, лутиот дим од солзавецот постепено но сѐ повеќе се ширеше и навлегуваше во секое катче на „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Движењето при станувањето му е споро, круто, оди збунето нерешително, но постепено се привикнува: поеластичен е, ги допира предметите за да се ориентира, да види каде е; застанува малку како да размислува што да прави, во која насока да оди; потоа тргнува со сигурни и точни движења како да е буден: ја отвора вратата од одајата и излегува; а ако е заклучена, ја отклучува; ако го нема клучот на вратата, оди кај прозорецот, го отвора, се фаќа за гранките од јаболкницата и по неа како мачка слегува во дворот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Постепено – шум на дигалки. Оние високите на големите градилишта.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ходникот е замрачен, и зракот светлина што се пробива од дневната соба постепено се губи, пред прагот да се распрсне во бледа магла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе