постелува несв.

постелува (несв.)

Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Град од усвитено железо истураа авионите и веднаш зад нив долетуваа други и постелуваа пламен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тажни се заодите на Бел Камен. Болка и тага навева погледот кога се постелува на костурската шир и отаде на Вичо и Сињачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму мајка и баба им постелуваа. Со старичките си зборуваа македонски, а со мажите, па дури и со старците, освен едно калимера, не правеа муабет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)