посредно прил.

посредно (прил.)

Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми се нудеше посредно неговата согласност за враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Умножувањето на бројот на ракописите, конкретните и оние кои се исчитуваат посредно меѓу редови, место да ги осветлува настаните од повеќе агли слагајќи роман-мозаик, тоа умножување, меѓутоа, твори наполно нова конструкција на меѓусебно противставени документи кои како позитив и негатив постојано го негираат веќе реченото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Сите училишта не можеле да се вклучат во проектот, особено не во европскиот, Ама, имаме можност да се заинтересираме за акциите и посредно да ги следиме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За нејзиното истражување нема ни збор во романот, но заклучоците се наметнуваат посредно, преку следењето на однесувањето на самите селани, на заедницата која настапува како маса, а не како низа поединци, така што Бунар може да се толкува и како прилог кон истражувањето на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овие лекови како да имаа некакво посредно влијание врз расположбата, врз здравјето на Мајка кога им ги даваше на другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но имаше и вистински ветерани на професијата, кои сакаа да служат до последните денови на животот, барем посредно во подготвувањето на нивните наследници во земјите во кои некогаш тие значеле многу повеќе отколку вратени во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Промените ги засегаат и работниците, преку намалување на веројатноста дека ќе добијат надоместоци за храна и превоз и преку намалувањето на износот на нивните идни пензии, а посредно и преку намалувањето на приходите на Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување по основа на придонеси од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не би можел сега да објаснувам која беше причината што токму во тој дел од разговоров решив да спомнам дека посредно и јас имам учествувано во жалниот настан со Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Второстепениот суд, со [своја] пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако: 1) врз основа на расправа, утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што е утврдена во првостепената пресуда; 2) првостепениот суд погрешно ги оценил исправите или посредно изведените докази, а одлуката на првостепениот суд е заснована исклучително врз тие докази; 3) првостепениот суд, од фактите што ги утврдил, извел неправилен заклучок за постоењето на други факти, а врз тие факти е заснована пресудата и 4) смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зависно друштво е правно самостојно друштво над кое друго [владејачко] друштво има непосредно или посредно превладувачко влијание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но Камилски поширокото значење на овој збор посредно го бараше и во своите француски енциклопедии. Запре на зборот mouchard.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)