посока ж.

посока (ж.)

Мрморењето се повтори, потрети, и кога Крсте ги фрли очите во посока од каде што идеше гласот, уште малку што не падна од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неда почна да ги реди Опстранчари на коишто им е патот во таа посока.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сејмените што бегаа бркани од селаните во двете посоки на улицата ги забележаа Турците, кои во тој ден, петокот, го празнуваа и ја разбраа работата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мечката, што го имаше речиси преполовена просторот меѓу нив, се исправи пак и вресна толку ужасно и превивајќи се, што тој прво помисли дека таа уште еднаш нема да биде во состојба да ја пронајде посоката кон него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја виде, на педесетина чекори, застаната, како дотогаш воопшто да не трчала, како да стоела отсекогаш тука, свртена кон него со грбот, расколебана, послезена подолу од својата посока, за сето време обѕрната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа пак само едно просто продолжување по посоката на будењето, само едно растење на осветувањето во него и тој сега плачеше, увиснат и безволен за секакво друго движење, од тоа, што не можеше никако поинаку да го искаже она, што се случуваше со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури директно на самата војска, на столбот на царштината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- И после кај отиде, браче Огнене, прашува Уља, кај му се загуби посоката на Мирчета мој?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не гледаат кај одат, но си ја тераат посоката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го враќаше и кучето, ама тоа кршна од посоката и пак нѐ пречека на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден миг, не знам од каде, од која посока, од која висина, или од која длабина, повторно го чув гласот на пријателот: „Памти ми ја думата; Внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)