помлад прид.

помлад (прид.)

Помладите еден по еден ја напуштија свадбата! Јадење и пиење имаше колку да сакаш!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
КУМОТ: Е, ние сме помлади, срамота е со толку да ја предадеме калата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Постариот брат спие на машкиот кат, а помладиот — на женскиот, доколку летно време не спијат сите во дворот под покривачот на синото небо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, таков оро ми се бендисува. Да сум помлад, жими вера, и јас би слегол да поиграм, Ама, ах!...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Јас ги добројав годините, па пак не ми се легнува, а не тебе што си каде-каде помлад, - рече дедо Најдо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зад една подгрбавена, стара жена одеше друга помлада жена со жолто, испиено лице, со светнати мали очиња, со ситни, речиси детски рачиња и рамена покриени со тешка алова свила, што како магнет ја впиваше светлоста од петролејките и силно блескаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но се случуваше да згреши понекогаш нешто во работата и мајсторите заборавајќи на неговата поранешна прилежност и трудољубивост, почнуваа со истата жестина како и другите помлади да ги караат и да го навредуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една волча тројка: еден волк, неговиот помлад соперник, наследник, и неговата мајка, жена, или бегалка од некоја друга глутница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Штурчо! Штурчо! - викаа помладите мравки и мравови, на кои веќе им стануваше здодевно долгото седење во затворениот мравјалник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тој миг неколцина помлади луѓе скокнаа во морето и запливаа во пресрет на коњот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Црн, но вкусен и здрав, - рече другиот човек, помлад, симпатичен, со очила, чии жолти тенки рамки светкаа во скудната светлина на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А и на многу други настани, за кои знаеја и помлади луѓе, како што бил пожарот на некоја Ѓурова колиба, кога изгорело целото стадо па стопанот умрел од мака, па некоја зима кога волците направиле пустош по колибите, кога многу стада биле преполовени или сосем уништени, па нивните стопани ја напуштиле планината и никогаш веќе не го обновиле колибарството, - сето тоа и многу други случки, раскажувани по многу години звучеа како сказни, како измислици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе и мешаме капите денеска, та да видиме до кај ќе излезе! — проговори помладиот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Помладиот војник се сврте кон постариот: „Зошто го отепа? Ќе го врзевме и ќе го спроведевме...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Постариот брат е келнер, а помладиот трговски помошник.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе