полумртов прид.

полумртов (прид.)

Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи, в пот се изоблеа ладна: Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи, таа полумртва падна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Затоа не се сфаќаше ни себеси ни тоа месо што го параше со пет ленгера и се пулеше со полумртви очи настојувајќи: „Не те пуштам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе го земам примерот со МТВ. Како единствен јавен ТВ-медиум, за оваа куќа постои распространето мислење дека е херметична и конзервативна, и дека опстојува како полумртва институција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пред да замине од Барселона, ѝ ја оставил полумртвата мачка на некоја девојка, која ја презела обврската и понатаму да ѝ носи цигари на Марија. Но, и таа набрзо исчезна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)