полугладен прид.

полугладен (прид.)

Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Половината од тие дни тој ги помина полугладен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)