полно (прил.)

Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
БАБА АНЧА: Господ што е добро, невесто, да ми ти наврти! Среќа и љубов со момчето! Сѐ полно и рамно!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И за тоа на баба Анча срцето ѝ е полно со радост.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од тоа, некако чудно и за мене, лицето полно со сув лишај неочекувано му се собра.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пците му се назагнаа и да не беше полно торбето со леб, ќе го симнеа од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тој, Јосе, прилепчанец, многу голем есапчија беше, особено кога имаше полно шише покрај него и мисурка кисело млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене го - се витка пред заглушениот тапан, мафта со полно шише, ги задавува сурлите со сребрени банки фрлени во нивното грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прекина за час дробејќи ја цигарата во грлото на своето луле; беше бавен и со полно отсуство на духот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А сандакот во ќошето е полно со дрва и јаглен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Докторот ги избриша очилата и пак почна да го намотува брадичето околу розовото полно прсте. „Ова е заблуда“, рече докторот промрморе нешто нејасно, тапо, двосмислено; науката му се викаше сомневање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оди до местото каде што го скри отпиеното шише, го вади и на неговото место скрива ново, полно, а со отпиеното се враќа кон масата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ана, не можев да те примам во моето срце. Тоа е полно до горе со гнев и омраза.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гадно му е. Тој е во мочуриште полно со зелени влечуги. Што бара овде тој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овде е сосема јасно, блешти со засилена светлина почетокот на ослободувањето, крајот на измачувањето полно со сомневања, страв и немир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше во себе полно насобрана мека нежност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како еден голем, бел петел на јужниот ветер, чиешто цвеќе беше црвено и месјато виснато; и како уште еден помал, но попргав и покавгаџиски петел со полно модропепелаво во својата кочоперност, а неговото цвеќе беше модро и настрхнато.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше нешто полно и глуво, нешто сосема решено и тупо од тоа, како некој полн, глув одзвук, сиот тој мир околу него, и сиот негов мир; тоа му го придушуваше здивот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во полето шатори, шатори - полно бели чадори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе