поднаучи св.

поднаучи (св.)

Па го замоли жално татка да го описмени, да го поднаучи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Врз огледалото во кои си ги гледаа суратите кутрите Егејци додека Нанчо ги лупеше со машината, навечер мижуркаше слаба светилка, ама за мене беше добра за да поднаучам уште нешто кога немаше муштерии.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И размисли гласно, мешајќи ги во брзањето своите со зборовите на јазикот што го поднаучи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поднаучи Мехмед паша многу за историјата на градов: сам бараше, читаше и вртеше стари ракописи што ги порачуваше дури од Цариград: беше и еден од малкуте Турци што не беа докрај опијанети од славата на полумесечината: и кој знаеше дека и пред нив овде имало не само живи, туку и славни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Петар тивко почна да ѝ раскажува за брат му кој живее и работи во Америка, за животот таму, за нивните обичаи за кои нешто поднаучил од брата си.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)