поврат (м.)

Му се стори дека и стражарот го забележа него и дека на секој поврат со коњот, навидум намерно и како случајно, неговиот поглед пак се запира токму на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Жална наива. Повторно смеа, повторно исти градови, на плеќи отрови се рушат, суша, патишта исти од кои поврат нема.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Верувај во себе и на она што иде, како поврат на реките од солзи Кога веќе ја гледаш другата страна на брегот .
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)