повеќеслоен прид.

повеќеслоен (прид.)

Сигурно затоа што тегобата што ја чувствувам е повеќеслојна и јас во сите тие слоеви така што не можам да знам што е што.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Уредениот свет од многу слики сфатени во полната тежина на едно повеќеслојно читање нѐ насочува основната филмска постапка на Гринавеј да ја одредиме како едно вештачко видување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Разликата е во тоа што филмот, накитен и заводлив е дури уште позбиено повеќеслоен отколку платното на Веронезе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Последното што го најдов испишано од некоја книга, како потсетник за нешто, не сум знаела за што во тој тогашен момент, беше: “... недостигот на лична смисла и суштина го добива својот најсилен израз во едно судбоносно осакатување на животното чувство, на едноставниот секојдневен живот во неговата повеќеслојна и раскошна целина“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Семејството за кое се раскажува се движи во повеќеслоен егзил во XX век на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Историјата на Балканот била посилна од разумот и таа била обележана за разлика од европската со поголем дисконтинуитет предизвикан од инвазии, војни, побуни, сукцесивни империи, непостојани граници, повеќеслојни идентитети, од делби по вера, јазик, идентитет, навики, сфаќања, обичаи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)