плетен (прид.)

Ами ако е за калци да ти донеса, токо — големи се плетени сите мој калци, та не ќе може да и носе, — со радост изјави Нешка готовност и таа да го израдува Крлета како тој неа со китките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Готови, везени, ткаени, плетени, кистени, од живи од умрени, лели Боца си има да си навре, шо ѝ е гајле? — велеше Тушевата невеста, покажувајќи со прст ,на Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На портата се покажува Никола, осумдесетгодишен старец, наметнат со широк густо плетен црн џемпер.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во градинката, пред куќата, седеше сега, во широк, плетен стол, убава, стројна женска фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пченките ги собраа и ги сместија во гаждериња, плетени од лескови прачки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го обгради дворот со плетена жица, го затвори и отстрана и згора и направи мачкина фарма.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И никој не овчи кола, никој не расточува за да ја натовари со греди, со платици, со плужици, со литри, со страки, со рала, со плетени кошови за Полјаните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали шамија, дали фанела, дали плетени чорапи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Полека, со лек чекор, замина од колибата, а дождот му ги наквасуваше чевлите направени од плетена трева и автомобилска гума.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дотогаш, тој се наоѓаше на ладниот кујнски под, легнат на грб, со три плетени држачи за топло под глава, со левата нога малку крената и стапалото врз лимена кутија за колачиња.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа имаше капут со подигнати раменици, од вештачко крзно и плетен шешир навлечен преку веѓите, и ја бакна мојата рака кога излегувавме од салата во праскотот на ноќта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги разгледувавме украсите за елка. Најмногу нѐ привлекуваше една оловна фигурка на ѓаволче што пред себе држи плетена корпа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Околу масата има четири столици со плетено седело од рогоз.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ане одговори така од рака, па од зад грбот извади цел бинлак, и тоа плетен сиот освен газерот, и со чеп од пченкарна кочанка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веднаш Трајанка ја одведоа позади куќата зад амбарот покривајќи ја со еден голем плетен кош од прачки врз кој нафрлаа слама. За да ја сокријат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На утрото тој си го крена својот плетен куфер. Никој не излезе да го поздрави.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе