платеник м.

платеник (м.)

Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се сложувал нешто со бугарската политика во однос на Македонија и го убиле некои платеници на бугарскиот двор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Платениците Турци од Ресна му беа наместиле заседа на Раскрст, онде каде што се делат двата пата, едниот за нагоре в село, а другиот надолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Сите се платеници на ЦИА пичка им материна - изнервирано ми одговори Амди Кола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Наскоро потоа, се збогував со него. Лажниот лудак беше мој платеник.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Проклетници е пожелен за службеници и оние што паѓаат на коленици за курви, педери и вештици за изроди и странски платеници
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Цезар платеник на војска на моќници и богаташи.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Овие нередовни војувачи, во чиј состав биле криминалци и воени платеници, често биле поопасни за оние за коишто војувале отколку за нивните противници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Британците употребиле швајцарски и германски платеници во нивите американски колонии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)