пијанка ж.

пијанка (ж.)

Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Метежот во Грција го однесе неговиот полубрат, а него го чувал Господ, се врати жив и здрав поминувајќи речиси половина година во пијанки горе во рамната земја, во Гаково, додека не се врза со Павлина, бележана во срцето уште од селото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вербата во празноверија го натерала Александар на пијанки. Тој пиел многу.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Овој должник и зајмодавец треба одамна да се бркаа за тие сто лева, дадени сигурно во момент на душевно умилување, при некоја заедничка пијанка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Управата своеобразно располагаше со буџетот, за што сведочеа и отворените пијанки во домаќинството, и најмногу да се грижеше да ги намири донекаде постарите ученици, додека нас, подмладокот, нѐ оставаше да се помачиме малце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Под таа јаболкница често се правеа семејни собири, пијанки, ручеци, зимници, романтични вечери, интимни средби..., а она со кое секогаш беше украсена е лулашката на која пораснаа децата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А ироничната насмевка на Анастасија сигурно се однесувала (ако била навистина иронична) на некого од минатото, некоја личност а можеби беше во прашање и некоја од некогашните пијанки и веселби во овој ист простор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Заборавена книга на дожд, под копита, во WC, на ливада, пред праг, крај пруга, на пијанка, под небесен вител.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)