пис (прид.)

Тоа ли е чистота, бре пис милет, а?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе раѓате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оттогаш си стави копче на пис устата, како по операција на слепо црево, и се зарече да си го изостри јазикот по однос на разликата меѓу блажината на дотокот и блаженството на првотокот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа велам, овој милет не е толку пис, колку што сега враќа, вели бегу.“ Санџак-бегот молчеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа е многу сиромашен милет, не пис.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ми кажуваат, меѓу селаните се забележува сѐ поголем бес и дрско однесување со ќаите и агите. Вистина ли е тој милет толку пис?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)