пир (м.)

И сред тој блесок приказен, далеку од бол народен, во страстен пир се спуштивте немирен дув да смирите.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Кога дилерот навистина умееше со нив, тогаш од морфологија бргу се преоѓаше на синтакса, па дури тогаш почнуваше вистинскиот пир.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)