пиење ср.

пиење (ср.)

И показуеха манџи и пиења. И видех манџи на тија што многу се прејадувале.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Помладите еден по еден ја напуштија свадбата! Јадење и пиење имаше колку да сакаш!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Биење без пиење не бива, ништо не бива без пиење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На, направи ако сакаш да видиш каков е. Лице има убаво, ама за пусто пиење ич не чини, ти велам — како слама е!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега ќе дојдат аргатките, треба вода за пиење.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лакоми се на парата, си и тепаат жените и децата, некои се одале на пиење и пушлук, да ми прошчавате; трет излегол кумита, та така од секого би имале по некоа мака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По добрата вечера и уште подоброто пиење, за кое време Пере постојано ги канеше сватовчините со познатите негови зборови: „Повелете, браќа, како во своја куќа, од своја мака!“ — зетот Крсте ја наду и гајдата од Перета, која секогаш беше готова да проквичи, штом ќе дојдеше некое весело друштво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Достините јадења и пиења: мазник, ракија со мед, булиња, погачки на тенкото сито, на црковната трпеза предизвикаа чудење и завист кај витолишките невести и мажи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И при пиењето водата сѐ ѝ клокотеше во грлото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За среќното избавување на Анѓа се приреди кај нив веселба, пиење – јадење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој си дојде во Стамбол и почна да си го реди личниот живот – пиењето и харемот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мислата... Мислата... Таа му гребеше во душата. Таа го мачеше. Мислата... Не можеше да ја совлада... И бегањето, и пиењето - сѐ беше попусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја завршуваше својата исповед: не му ја затнаа дупката на стомакот со орден но сепак бев добар десетар во смоларата, како што бев секогаш во се добар - во шверцот, во пиењето, во милувањето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ФЕЗЛИЕВ: Прав си. Прав си. (Го зема подавалникот и излегува. Сосем заборава на пиењето што му остана врз масата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Откако ќе престане, меѓу две пиења:) Уште утре ќе заминам некаде далеку, далеку... Ех, кога би можело да се умре.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Пие. Откако ќе сврши со пиењето, запева, тешко, со болка, пијано: „Како ќе ја минам мајко, Таа река Вардар, Матна и крвава...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ем ќе дадам десет лири за пиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По добрата вечера и пиење, откако останаа насамо, Толе му го кажа планот на Андона.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе