патетично прил.
патетичност ж.

патетично (прил.)

Потоа патетично.) А сега... добра ви среќа, јунаци.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го привлекува и патетично го прегрнува. Потоа се поздравува со Методи и со Ивана.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За неа, додека ти така патетично и глупаво не го искина пликот, знаев само јас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Многу патетично го почнувам писмото, но верувај дека сѐ она што тебе те прави задоволен и спокоен и за нас претставува задоволство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така, опкружен со млади девојки во хрватски носии, на јавната приредба за денот на хрватската независност хрватскиот претседател изведува пантомима, патетично ставајќи дукат во празната селска лулка (симбол за новородената држава).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Важно ги истераа одвратните Струшки поетски вечери минати во ждерење, локање и патетично рецитирање подгреано што со алкохол што со помпезноста на „вишите државни интереси” - што Струга е.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми изгледаше прилично патетично.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не сме ние малкумина". Вели патетично тој.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А сепак, мил мој ибн Тајко”, воздивна патетично дубровчанецот, „а сепак, во секое зло има и добро, во секоја несреќа и среќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа, Мирославе ти само пеј. Онака патетично и со стереотипи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Објаснувањето на Нилика за болката што може да ја предизвика избегнатата зла судбина, во моментот кога го слушнав, ми прозвучи некако чудно, дури и патетично.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На еден канал позната актерка патетично читаше нечии стихови, а на друг во живо вртеа кај луѓе со громогласна „хепи брдеј“ да им честитаат роденден.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Убавината побудува буквален, простодушен, патетично искрен копнеж, онаков копнеж што нема никаква дистанција од себе и никаква способност да се тргне настрана и да се погледне себеси критички од едно отуѓено стојалиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)