парцијален прид.

парцијален (прид.)

Тоа од самиот почеток е поставено на лоша основа: не е општомакедонско, туку е парцијално, и има бугарска боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Погоре, кога зборував за неуспехот на Востанието, јас реков оти неуспехот се должи на неговата парцијалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А до кога едни Македонци се кажуваат патријаршисти, други егзархисти: едни Бугари, други Срби, трети Грци и го бараат покровителството кај различни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, до тогај не може да се мисли за општо востание: до тогај ќе биде само парцијално: со бугарски, српски или грчки, но никако не со чисто македонски карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се гади од тоа својство на разумот, можеби и од сите негови својства, да ги гледа работите такви како што не се додека се чувствуваат, од таа парцијалност и исклучителност ми се гади.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потполното побудување на виртуалниот објект се распаѓа на сили што му соодветствуваат на парцијалниот континуум, на брзини што преминуваат низ иситнетиот простор.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Постои примерот на Андалузија и седумте и половина векови на парцијалното владеење над Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)