паница ж.

паница (ж.)

МАРА: Прекрсти се, синко, и излегувај. (Го зема паничето со пченица).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (која има ставено на софрата леб, грне грав, лајци и празна земјена паница сега ја става и погачата од кумата и турива од грнето грав во паницата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си се преврза Дочка со тулбенот, ја омолкна метлата, ги измете сите мутли до каде што можеше да стаса, фрли шутки, паници, опурчаци и други непотребни работи што стоеја таму со години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се знае. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите, а што е најглавно, покрај солта треба лук, цирони, киселина, некоја лажица, паница, опинци и други работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан застана зачуден. Паниците редовно ги миеше Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И сопчето, во кое се живееше, во кое имаше две ниски легла од двете страни на огништето, беше натрупано со разни чисто килибарски предмети: качиња, бутим, дрвени паници, буклиња, ниски триножни столчиња, разни грнци, сито, решета и што ли не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
16. МИ ГО ОТРУ СРЦЕТО, ПА СЕГА БЛАГО МИ ДАВА - а благото, како благо, сал на стомавот му годи, и во златна паница нека маџун да ми клава не ќе појде по таков пат до срцето што води...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Затоа уште тука почна: — Шо правите вие, бре кршоборци, по планината? — им се обрна на сите кога седнаа да ја кршат топлата ченкина погача и да тураат во паниците жолта вода, во која леташе по некоја граова шлупка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури во Букурешт, на самото сајмиште, од големи буриња се точеше шира, а со неа, како романски специјалитет, во дрвени паници, заедно со мамалигата, се служи и печена пастрма...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За две земјани паници брашно им кажуваа и дали им се живи мажите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Соседите ќе му подадеа паница грав, варена зелка, троа бакардан или крајче погача.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)