очув м.

очув (м.)

Се шушкаше по ќошињата дека Ване и Ганка се во љубов иако и мајка ѝ и очувот не сакаа да чујат за Гавранот туку бараа зет што има занает в раце и - дуќан! Зошто и дуќан, не знаев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека ја набиваше, често само откопчувајќи го шлицот, го мразеше а не можеше без тој злоболен фалус на очувов, испрчен на телото на поетот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лена отсекогаш сметала дека мајка ѝ го „изневерува“ бракот, дека „живее во лага“ и е „неблагодарна“ што ги користи домот и парите на нејзиниот очув, а ја изневерува неговата доверба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко, тоа, се разбира, е речено снажно, поточно би било - очув...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лена, сѐ уште плачејќи, со одвратност зборува за својата мајка која се премажила за нејзиниот очув.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На седум години неговото име е променето во Ле Гак, според очувот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сѐ што лета не се јаде, си рече потсетувајќи се на поговорката што неговиот очув често ја повторуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури многу, многу подоцна кога дозна дека Најдо не му е татко туку очув, нешто во него се побуни и се збуни, но не толку за да го пројави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не кај очувот, кај што се преселија кога веќе имаше седумнаесет години, туку малку подалеку од центарот, во оние споредни улички, во куќата на дедо му.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лицето на неговиот очув беше едно од лицата на љубовта, она прво утро кога се преселија кај нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш не раскажа ниедна неправда од детството, од очувот кој велеше дека од кило месо ја сторил човек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)