отскрие св.

отскрие (св.)

На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така замешај го, размеси го, направи неколку лепчиња. Па остави ги, отскриени, за да се потсушат. Да не можеш многу да изедеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама сум ко чкулава во рацете, повеќе го отскривам, отколку што го покривам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отскриј ме па ќе видиш. Сестро, гуската.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се биеја неколку деноноќија и исчезнаа. Оставија неколку искршени овошки, отскриени плевни, растурени сламени покриви.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Восочното лице ми се издолжило, забите ми се отскриле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овдека, ова време, не си смеел со отскриено лице да излезеш, да одиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас и Оливера Поточка одиме со главата в торба, што се вели, влегуваме по куќите и ги отскриваме булите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Целта на надојдената вода била да го отскрие председателот, сите се чудевме после тоа. - Зборуваше баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)