отсели св.

отсели (св.)

Се отсели Тане, а Оруш долго време размислуваше што да прави: да продолжи ли да ја гради куќата или не.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа време, кога немаше кој да управува со Имотот, и мајсторите од дуќаните се отселија во Прилеп, а заедно со нив и еден клон од Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
XVII Тане најпосле се отсели. Пред да се отсели, му вршеше притисок на брат му Оруш да се отсели и тој, да одат заедно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Си го брецаа умот луѓето не знаејќи што да заправат; да останат или да се отселат; ако се отселат, каде ќе одат, каде ќе закуќуваат куќа, од што ќе живеат; ако останат: ќе ги врват деновите во неизвесност, во страв...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Набрзо по отселувањето на мајсторите и Дамческите, од Потковицата си заминаа во Прилеп и Муслиоските, потомците на Кемал бег, син на `Рслан бег син на Мусли бег.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разбира, децата пораснаа и се отселија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ива е мојата најдобра другарка и се отсели од Скопје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ете, сега сите се отселија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми се пристори, поточно самиот заклучив оти глувчињата ги отселив, но тие сами во мене се населија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тргнавме кон куќата од која одамна се отселиле оние кои живееле во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Годината кога се омажи Роза, и Александар се отсели од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)