отсекаде прил.

отсекаде (прил.)

Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И можеше во секое време и отсекаде да се види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А свршеницата не се огласува на неговото довикување зашто тој е во темнината, а таа е таму откаде што блика светлината, нема да дојде, а тој нема очи да ја види... останува само во неговата душа...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отсекаде се носеше миризба на чад и саѓи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ајде, удри, велам јас сум отсекаде удрена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жешко е: секакви гадурии и отсекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Та, таа куќа отсекаде е затната, со студена земја и со вода е заградена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ги отвори и прозорците на другите одаи во куќата и на сите простории; ги отвори и долапите, и шкафчињата, и ковчезите, и ношвите и сѐ што можеше да се отвори во куќата - за да се истисне отсекаде воздухот што го дишел Илко, сѐ да се испроветрее.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чкрта, струже, отсекаде ги пушта ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татковината може да се сака отсекаде, ќе вели Паун Радевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А есено време, што се вели, и студот е секаде заседнат. Отсекаде каса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали се капела во млеко? Откаде му такво сеќавање?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Замрежи просторот околу, се се стесни, зашумолија нозе небаре газат во суво лисје, прогрмоти женски глас отсекаде: „Ќерко моја, иако моево тело е студено, иако моиве усни стрижат со сув ветер, скриена во длабоката скрвишница на земјата – мајка, мојава душа е топла!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Отсекаде наоколу допираа викотници. Панични женски гласови што ги довикуваа најблиските.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога се одбила нечујно од небото на јастребот верна и на безмерноста та си можел да ја чувствуваш одсекаде а да не ја најдеш. На тој неземен миг сети се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Вода доаѓаше отсекаде. Дали е ова Потоп?, се прашував во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мирисите на јоргованите но и липите кои почнуваа да се расцутуваат опиваа од сите страни. Отсекаде како да зрачеше едноставна опуштеност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Иако по улицата минуваа пајтони, чези и по некој автомобил, отсекаде доаѓаа цветни мириси, се допираа, вмешуваа, ширеа, опиваа и продолжуваа, а појот на птиците ги следеше и го украсуваше тоа славје на природата кое насекаде силно тропотеше – славјето на пролетта.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)