отрча св.

отрча (св.)

Секому радост му дошло оти Аџи Силјан си дошол и отрчал да го види и добре дојде да му рече.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но не рече ништо. Отрча затворајќи ја вратата зад себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Штом го виде дедот Петка, отрча во комшиите, ѝ кажа на Доста и — уште не ни врзани маските — се вратија двете и Доста се најде во ќералчето на дедот Ристета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неда како срна отрча дома и на прашањето од мајка ѝ засрамено одговори: — Си дошле, в река да појдат обата, токо лели се арамии, неоти ногу ќе седат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утрото Славчо стана и отрча право кај баба си да ѝ раскаже за убавиот Месечков зрак.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мајка му брзо стана и отрча во другата соба. Застана до прозорот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И Митко го слушна завивањето на сирените и отрча на прозорот да гледа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
МЕТОДИ: Како што се здоговоривме. Иван и Младичот отрчаа накај пајтонот, а јас се замешав меѓу народот и дотрчав до трупот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Детето ги грабна парите и отрча да се пофали дека добило пари.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ни се сосаа цигарите - рече Огнен, - а ти си лесен како пиле, ако сакаш отрчај в село и купи ни две пакетчиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Секој нека отрча да се снабди со праќка и веднаш да се врати.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Брзо се врати дома. Мајка му пак ја немаше. Како попарен отрча в бавча.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче отрча на изворчето...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бојан виде како неговите силни фарови шараат по темните буки, ја разгрануваат темнината, но не отрча да го пречека.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе седите овде, a јас ќе отрчам до Орле да осигурам јадење, оти виа пезевенци Чанивци како непара се за вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отрчуваме пред меаната од Доксима Тренчески. Доксим излегува со велка варена тиква в раце. Ја чу вревата и излегува на врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ги отпетлувам предниците, а таа отрчува да му јави на Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе