откриен прид.
открие св.

откриен (прид.)

Малата белина на кожата, откриена над најлонските чорапи запалува огин и во најзаспаните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше тоа еден прекрасен, ведар плисок, во него можеше да заборави на сѐ друго, освен на тие свои големи и во еден миг сосема откриени дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некако беше примамливо, убаво да се гледа во откриените, полни гради на жената.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Откриената тајна не е и не ќе е тајна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колумбо, од друга страна, бил мошне неуспешен управувач со откриените колонии.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Токму во тие години, ја почувствував величината на Татковата борба со сиџилите, во која доживуваше некаква победа која само тој ја разбираше, но, подоцна, го почувствував и поразот што му беше наложен од оние на кои токму откриените сиџили требаше да им ја осветлат историјата, да им го повратат загубеното минато.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја водеше големата битка, кога му го украдоа авторското право за откриените сиџили што, подоцна, беше причина и за неговата шеќерна болест.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Археолозите ја составуваат историјата на една статуа од откриените парчиња, разнесени на повеќе страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Полна луна на полноќ: тукушто откриен ќуп мед во внатрешната одаја на Пирамидата: вртење во круг безизлезно враќање јанѕа ... мирис на маточина, мрмор на планински поток, кошариња пчели, тивки дење, потивки ноќе и - збунувачки спокојна бесконечност ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Робер Мале на свој начин ја дополнуваше метафората на Андре Френо за откриените лица на светците во лицата на сегашните обични луѓе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Местото ми личи на откриен пазар... - Таму беа бараките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите видоа како вишлестиот човек со жолта кошула ја крена својата десна долга рака како некој војсководец и ја фрли право пред себе, покажувајќи му го патот на шоферот, по што белиот откриен автомобил замина право низ селото нагоре каде што им се изгуби во облакот прав од пред очите на вчудовидените селани. Луѓето занемеа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нивните дискретно откриени, напудрени раце. Турајќи саке, потклекнати, со исправено и гордо држење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се мешаше изгубениот со откриениот рај на Мајка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)