отепан прид.

отепан (прид.)

Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По сѐ изгледаше како отепано од судбината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Фелдфебелот веднаш избра двајца да го кренат отепаниот и уште двајца за смена по пат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Работата прекина. Направија носила, двајца го кренаа отепаниот, а другите ги нарамија пушките и секирите и тргнаа назад.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Освен тоа отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше една од олеснителните околности за Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мрднувам со рацете, се пофаќам. Да бев мртов, сигурно не ќе можев ништо да помрднам. И ќе смрдев, ко отепан гавран.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеш дека некој отепан те тепа и незгодно ти доаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рамото ме боли, отепано ми е од стегање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги расфрлуваа отепаните птици и се смееја гласно, истркани по рацете и лицето со крв и облепени со пердуви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од студ се смрзнуваа кокошките и паѓаа, чиниш отепани со зрна градушка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја закачил отепаната змијата отровница на еден стап и мафта ли мафта со него, а насобраните девојчиња ги слушам како пискаат - Леле змија, змија...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)