отаде (предл.)

А таде - в гори зелени в сума гробишта лежеа делии - одбор јунаци за татковина паднати.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дури невестата Менка отаде да ја викне солунката, дедот Ристе насече сланина и кладе дрва на оганот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Две диви пајки прелетуваат над ѓумето. Мамките, како предатели на својот род, ги викаат со крескаво гакање но тие, пред да ги видиме, се изгубуваат отаде водата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во ѓумето, кренато отаде водата, тесно е и не е многу удобно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
МЛАДИЧОТ: (По мала пауза.) Се извинувам, но, кога тргав отаде, ми беше речено со никого да не разговарам за тие работи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Она што беше испловило отаде го натера наглас да си шепне: - Навистина , кога не би бил вака сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ах, - присторе Србин. - Колај е тоа, ама отаде пак Србите ќе не згаштат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ќе ми текне да дојда одаваде река, да дојда, да прејда отаде — да прејда; ода во ноа село — ода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чу само душата како го моли нешто И коските како му крцкаат И имаше сила само да види Ѕвездите врз него – блиску, Марија – отаде ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кои сте вие што доаѓате отаде ноќта и отаде ветровите поморски?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Одаде река, се одзива друг петел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може од утре да не бидеме заедно, вели, којзнае кој куршум не мисли отаде ридовине, вели. Ја кревам главата и гледам отаде ридовите. Во празното небо, оголено и изгребано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А отаде бавчите има една бела и убава куќа. Оттаму секогаш допираше танко и плачливо пеење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
7 ПРЕВАЛИ БУРАТА отаде планините и ние се вративме во бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зад третата дабова шумичка отаде непуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата превецерна песна на Бадник е песна на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го наслушна шумот во грмушките отаде потокот, ја отвори устата. тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го покажува својот јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Отаде, крај орманот, здогледав мечка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Навела дека уште во војната Сојузниците ветиле територијален интегритет; дека сето население во реонот е словенско, дека отаде границата, во Албанија, остануваат повеќе словенски села, отколку од оваа страна албански; дека манастирот е едно од најголемите словенски светилишта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе