осуди св.
осуда ж.

осуди (св.)

Можеби мнозина ќе ме осудат како србофил.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби, најпосле, ќе го експлоатираат Србите сето речено за изменувањето на нашето национално име за да докажат дека Македонците никогаш немале национално самосознание и не играле никаква самостојна историска улога, ами влегувале само како суров материјал во државниот организам на бугарската или на српската држава. 153 Меѓу другото, такви недоразбирања можат да се очекуваат, како од тоа што јас категорички ја осудив бугарската политика по македонската прашање, од кое можат да помислат дека јас сум бугарофоб и србофил, и со таа и од експлоататорската тактика на балканските Словени во македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
РИСТАЌИ: Ајде, да кажеме дека и тоа добро сторил што ја донесол горе кога била во несвест, не ја оставил на улица да се бере светот, околу неа како на исфрлена, ама не разбирам со какво право се осудил да ја бара за невеста!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како кај нас: по параграф тој и тој осуден си на смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И реши да го осуди Трајка на смрт за да си ја излее омразата и спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И навистина ги осуди двајцата со поп Јакова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Власта осудила на доживотна робија дете од десет години.“ „Зарад криминал?“ „Не зарад неморал.“ И тоа не беше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо ги дофаќаше гласовите, насмешливи, пакосно развеселени, ги чувствуваше врз себе погледите што сожалуваа, осудуваа, навредуваа и сето тоа како тежок товар паѓаше врз него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Европејците донесуваат навистина нешто ново и убаво, не е разумно да се одречува тоа, но има нешто што не чини и треба да се одрече и осуди, а младиот лесно го прифаќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така беа осудени на неразделност, исто како кога се водат со еден чивт лисици коравиот убиец заедно со некој шеретски престапник. Тоа беше онаа скршената нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги чувствуваше сега тие два живота како две напоредни линии, кои ниеднаш не се приближиле ни за една сламка и кои беа секогаш осудени да остануваат најдалечни една од друга, колку што било возможно тоа, колку што го позволувал тоа животот во едно заедничко време и во едно село со доста честите совпаѓања на судбините.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку се убави, а осудени се да овенат со првата посилна слана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ниту таа можеше да го осуди татко си за тоа, ниту јас нешто такво да изговорам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ти си моја платена опозиција. Истоврмено ме осудуваш на смрт и бараш помилување од мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Како што сакаш, - му рече Волкот, божем со сожалување, ти сам си се осудуваш на смрт од глад и од жед.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе